УТРО.мк

Мерц до Украина: Обезбедете услови младите да останат и да служат на државата

Мерц до Украина: Обезбедете услови младите да останат и да служат на државата
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Украина треба да создаде безбедни и економски стабилни услови за да ги задржи младите мажи во земјата и тие да ѝ служат, наместо да заминуваат во други европски држави. Тој ова го истакна во обраќање до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и одредени очекувања за Украина. Тоа вклучува – и вие го знаете тоа, веќе разговаравме за ова во Брисел – дека Украина мора да биде организирана на таков начин што нејзините млади мажи ќе ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, а не да заминуваат во Германија, Полска или Франција, како што е случај сега“, нагласи Мерц по состанокот на Коалицијата на подготвените во Париз, пренесува „Укринформ“.

Според Мерц, ова е очекување кое Украина „може и мора да го исполни“. Во меѓувреме, украинската влада на 26 август ја измени процедурата за преминување на државната граница, давајќи можност на мажите на возраст од 18 до 22 години непречено да ја напуштаат земјата за време на воената состојба. Измените стапија на сила на 28 август.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран