
Италијанската премиерка Џорџија Мелони под силни реакции од јавноста излезе со поостра изјава во врска со ескалирачките судири меѓу САД, Израел и Иран, известува „Гардијан“.
Во својот говор пред Сенатот во средата, Мелони јасно нагласи дека Техеран никогаш не смее да стекне нуклеарно оружје. Сепак, таа остро критикуваше и заеднички акции на Израел и Соединетите Држави, оценувајќи ги како прекршување на меѓународните норми. Италијанската лидерка подвлече дека Рим не е вклучен во конфликтот и нема намера да биде вовлечен во воена акција.























