УТРО.мк

Макрон: Воените сили на Европа треба да се вклучат во мировните операции во Украина

Макрон: Воените сили на Европа треба да се вклучат во мировните операции во Украина
Vero

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Вашингтон дека европските воени сили во иднина треба да се вклучат во мировните операции во Украина.

„Ѝ е потребна силна армија на Украина и мораме да ѝ помогнеме со сили на терен. Ќе бидат потребни мировни мисии кои сојузниците се подготвени да ги обезбедат“, истакна Макрон.

Ова не е првпат тој да ја изнесе оваа идеја, но досега таа не довела до конкретни чекори или распоредувања.

Макрон додаде дека Доналд Трамп би бил подготвен да воведе секундарни санкции и царини против Москва „доколку Русија одбие соработка“. Тој потсети дека Трамп веќе има воведено царини за Индија поради купување руска енергија.

Францускиот лидер нагласи дека не е убеден оти Русија е заинтересирана за мир, додавајќи дека европските лидери му порачале на Трамп дека постигнувањето мировен договор не може да се одложува со недели или месеци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран