УТРО.мк

Макрон предупредува: Европа мора да се разбуди – САД, Русија и Кина се наши противници

Макрон предупредува: Европа мора да се разбуди – САД, Русија и Кина се наши противници
Vero

Европа мора поодлучно да ги брани сопствените интереси и да настапи пообединето во услови на зголемени глобални тензии, порача францускиот претседател Емануел Макрон. Според него, актуелниот меѓународен контекст бара поголема будност и самодоверба од европските држави.

Во разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Макрон оцени дека Европа се наоѓа во специфичен момент во кој водечките светски сили – САД, Русија и Кина – сè појасно ги следат сопствените интереси, кои не секогаш се усогласени со европските.

„Ова е момент кога треба да се разбудиме и да ја дефинираме нашата сопствена агенда“, истакна Макрон, повикувајќи на поголема стратегиска автономија на континентот.

Тој нагласи дека тензиите со САД, дури и по мандатот на претседателот Доналд Трамп, би можеле да продолжат, оценувајќи дека станува збор за подолгорочен тренд во меѓународните односи.

Францускиот лидер потсети дека во минатото дел од европските земји го гледале првиот мандат на Трамп како привремен исклучок, но денес, според него, постои поголема свест дека Европа мора да реагира поодлучно и да дејствува како единствен политички и економски блок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран