Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека забраната за користење мобилни телефони, која веќе важи за основните училишта, многу веројатно ќе се прошири и на средношколците од следната учебна година.
Во изјава дадена по посетата на настан во источна Франција, Макрон истакна дека првиот дел од мерката – забраната за најмладите ученици – „функционирал прилично добро“, поради што ја поддржува воведувањето и на втора фаза, која ќе ги опфати учениците на возраст од 15 до 18 години во т.н. lycée.
Во моментов, забраната важи за основците и учениците во collège, но не и за повисоките години во средните училишта. Според актуелното законодавство, за проширување на мерката би можело да биде потребно донесување на нов закон, бидејќи постојниот, изгласан во 2018 година, ги опфаќа само предучилишните установи, основното образование и пониските средношколски разреди.
Макрон потврди дека министерот за образование, Едуар Џефре, веќе ја разгледува можноста за формално проширување на забраната. Претседателот, кој по загубата на парламентарното мнозинство во 2024 година има ограничено влијание врз домашната политика, последните недели се обидува да ја зајакне својата позиција преку јавни настапи посветени на дигиталното однесување и влијанието на социјалните мрежи кај младите.























