УТРО.мк

Либан: “Нападнати сме”

Либан: “Нападнати сме”
Vero

Либан: Израелски напади на југот на земјата

Израелските сили утрово изведоа два напада на југот на Либан, јавија локалните медиуми.

Според извештаите, во напад со дрон бил погоден автомобил во местото Ајта ал-Џабал. Засега нема информации за жртви. Во друг инцидент, израелски војници урнале куќа во градот Мајс ал-Џабал, при што либанските медиуми објавија снимки од местото по нивното повлекување. Израелската армија сè уште нема дадено коментар.

Нападите следат по четвртокот, кога Израелските одбранбени сили соопштија дека во воздушен удар во Либан е убиен Васим Саид Џабаји, член на иранската милиција „Имам Хосеин“ која соработува со Хезболах.

Пред два дена, либанскиот министер за надворешни работи Јусеф Раѓи најави дека армијата во рок од три месеци целосно ќе ја разоружа Хезболах во пограничниот појас со Израел.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран