УТРО.мк

Кошмарот на Зеленски започнува? Најблиските соработници му ја соопштија суровата вистина

Кошмарот на Зеленски започнува? Најблиските соработници му ја соопштија суровата вистина
Vero

Најблиското окружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски го советувало да се откаже од кандидатурата за втор мандат, јавува американскиот портал „Politico“, повикувајќи се на извори блиски на тимот на претседателот. Според информациите, поддршката за Зеленски драстично опаднала, а актуелниот корупциски скандал ја потресол земјата до таа мерка што дури и неговите долгогодишни соработници – кои зборувале анонимно – сметаат дека „можеби не треба да се кандидира кога ќе се создадат услови за избори“.

Оваа криза не само што ја поткопала шансата за неговиот реизбор, туку и отвора простор за нови политички ривали кои сакаат да ја искористат ниската доверба во актуелниот претседател.

Корупцискиот скандал го потресе украинскиот енергетски сектор: Националното биро за борба против корупција (NABU) на 10 ноември спроведе специјална операција, при што беа откриени торби полни со странска валута. Претходно беа претресени канцелариите на поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, државната компанија „Енергоатом“ и адреси на бизнисмени блиски до Зеленски. Истражителите утврдиле дека парите стекнати од корупциски шеми биле перени и легализирани преку канцеларија во центарот на Киев.

Украинската пратеничка Ирина Герашченко предупреди дека поради обемот на скандалот, Западот може да ја намали поддршката за Зеленски и неговата администрација. Со зголемениот притисок од Вашингтон и европските престолнини за прифаќање на условите на мировниот договор, последните истраги дополнително ја слабат политичката позиција на претседателот и отвораат прашање дали Зеленски воопшто може да преживее до следните избори.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран