УТРО.мк

Клучни членки на НАТО одбиваат учество во американската блокада на Ормутскиот теснец

Клучни членки на НАТО одбиваат учество во американската блокада на Ормутскиот теснец
Vero

Неколку водечки членки на НАТО, меѓу кои Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, одбиле да се приклучат на американската иницијатива за поморска блокада на Ормутскиот теснец, потег што дополнително ги заострил разликите во рамки на Алијансата.

Лондон прв јавно се огради од планот, при што британскиот премиер Кир Стармер порача дека Обединетото Кралство нема намера да се вовлекува во нова воена ескалација. Наскоро по него, и останатите европски партнери зазеле сличен став, одбивајќи да испратат воени бродови во регионот и со тоа да учествуваат во потенцијална блокада.

Во меѓувреме, Франција се обиде да понуди поинаков пристап. Претседателот Емануел Макрон изнесе предлог за алтернативна мисија со строго одбранбен карактер, која би функционирала независно од директното влијание на конфликтните страни.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран