УТРО.мк

Кина посредува за смирување на конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

Кина посредува за смирување на конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан
Vero

Кина интензивно посредува за да се воспостави примирје во растечкиот вооружен судир меѓу Пакистан и Авганистан што трае со недели, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот Лин Џијан истакна дека специјалниот пратеник на Пекинг за авганистански прашања постојано патува меѓу Кабул и Исламабад, со цел да го поттикне постигнувањето примирје. Во меѓувреме, кинеските амбасади одржуваат директна комуникација со двете страни за поддршка на дијалогот.

Министерот за надворешни работи Ванг Ји во последните денови водел телефонски разговори со своите колеги од Пакистан и Авганистан, повикувајќи ги на смиреност и воздржаност. „Кина се надева дека конфликтот ќе се смири, ќе се воспостави прекин на огнот и ќе се започне конструктивен дијалог за решавање на спорните прашања“, порача Ванг Ји.

Ескалацијата на тензиите следува по прогласувањето на „отворена војна“ од страна на Пакистан во февруари, при што пакистанските сили извршија напади длабоко на територијата на Авганистан, вклучувајќи го и главниот град Кабул. Конфликтот дополнително се заостри поради блиските односи на Кабул со Индија, долгогодишен ривал на Пакистан.

Исламабад ја обвинува авганистанската страна дека им пружа засолниште на борци од групата Техрик-е-Талибан Пакистан, додека талибанските власти ги негираат овие тврдења.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран