
Две лица го загубија животот, а уште неколку се повредени, од кои две се во тешка состојба, откако автомобил удрил во група пешаци во центарот на германскиот град Лајпциг.
Според информациите на локалните медиуми, инцидентот се случил во пешачка зона, каде што возило марка „Фолксваген“ се движело со голема брзина пред да удри во луѓето.
Полицијата во Лајпциг потврди дека има повеќе повредени лица, но засега не изнесува детали за околностите под кои се случила несреќата, ниту за можните причини.
Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека возилото било значително оштетено, а на местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната помош и полицијата.
Истрагата за случајот е во тек.























