УТРО.мк

Катастрофа во Кина: Нов мост се сруши, облак од чад го прекри регионот

Катастрофа во Кина: Нов мост се сруши, облак од чад го прекри регионот
Vero

Новопоставениот мост Хонгќи во кинеската провинција Сечуан делумно се срушил, а сè уште не е познато дали има повредени или загинати. Дел од приодот кон мостот и дел од самата конструкција се урнале, предизвикувајќи свлечишта во околината, пренесува „Ројтерс“.

Мостот, долг 748 метри, е дел од државниот автопат што ја поврзува провинцијата Сечуан со Тибет. Според првичните информации, пукнатините се појавиле поради обилните врнежи во последните денови.

Изградбата на мостот беше завршена порано оваа година, а за проектот одговараа компаниите „Сечуан роудс“ и „Бриџ груп“. Местото сега е покриено со густ облак од сив чад поради урнатините, а локалните власти започнале итни операции за проверка на безбедноста и евакуација на евентуално загрозените жители.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран