Воведниот натпревар на женската кошаркарска репрезентација на Македонија против Данска, во рамки на квалификациите за Европското првенство, ќе биде со бесплатен влез.
Дуелот е закажан за 12.11.2025 во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
„Ги повикуваме сите љубители на кошарката и фанови на нашата женска репрезентација да дојдат во ‘Кале’ и да ги поддржат девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, соопшти Кошаркарската Федерација на Македонија.
Македонските кошаркарки се натпреваруваат во квалификациската група Ф, заедно со репрезентациите на Грција и Хрватска.























