УТРО.мк

Изненадувачки анкети пристигнаа од Русија: Еве што мислат граѓаните за Владимир Путин

Изненадувачки анкети пристигнаа од Русија: Еве што мислат граѓаните за Владимир Путин
Vero

Седумдесет и пет проценти од руските граѓани изјавиле дека му веруваат на претседателот Владимир Путин, а 76 проценти позитивно ја оценуваат неговата работа, покажува најновата анкета на Рускиот фонд за истражување на јавното мислење (ФОМ).

Според податоците објавени на официјалната страница на ФОМ, само 13 проценти од испитаниците изразиле недоверба кон рускиот лидер. Истовремено, 76 проценти сметаат дека Путин успешно ја извршува функцијата претседател, додека 10 проценти имаат спротивно мислење, пренесува РИА Новости.

Според анкетата, 46 проценти од граѓаните се задоволни од работата на руската влада, а 31 процент се изјасниле дека се незадоволни. Премиерот Михаил Мишустин добил позитивна оценка од 53 проценти од испитаниците, додека 14 проценти не го одобруваат неговиот ангажман.

Доколку следната недела се одржат избори за Државната дума, 39 проценти би гласале за „Единствена Русија“, 9 проценти за Либерално-демократската партија, 8 проценти за Комунистичката партија, 4 проценти за „Новите луѓе“ и 3 проценти за „Праведна Русија“.

Истражувањето ФОМнибус е спроведено од 14 до 16 ноември врз примерок од 1.500 испитаници постари од 18 години, во 97 населени места низ 51 федерален субјект на Русија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран