Шведскиот генерал Мајкл Клаесон предупредува дека Русија наскоро би можела намерно да ја провери решителноста на НАТО и да го тестира Членот 5, ставајќи ја на искушение колективната одбрана на Алијансата. Во интервју за Политико, тој истакнува дека Москва е подготвена да преземе големи стратешки ризици и дека веќе со децении го демонстрира тоа – од Чеченија и Грузија до Крим и сегашната агресија врз Украина.
Клаесон предупредува дека Европа не е подготвена за долготраен и системски конфликт со Русија, потенцирајќи дека кризата нема да се реши ниту со прекин на огнот ниту со формален мировен договор во Украина. Според него, руското лидерство реагира само на сила, а не на дипломатски обиди, поради што бара од европските држави да заземат поцврст став.
„Постојаното повлекување само ги охрабрува“, вели генералoт, повикувајќи на решителност и подготвеност доколку Москва навистина реши да ја тестира одбранбената сплотеност на НАТО.























