УТРО.мк

Италија прогласи вонредна состојба по разорната бура: Штетите проценети на над милијарда евра

Италија прогласи вонредна состојба по разорната бура: Штетите проценети на над милијарда евра
Vero

Италијанската влада прогласи вонредна состојба за делови од југот на земјата кои беа погодени од силна бура изминатата недела, најавувајќи итна финансиска поддршка за санација на инфраструктурата и помош за погодените бизниси.

Силните дождови, олујните ветрови и бранови високи и до девет метри во изминатите два дена ги зафатија Сицилија, Сардинија и Калабрија, при што беа оштетени крајбрежните заштитни бариери, а бројни внатрешни подрачја беа поплавени, пренесува Ројтерс.

Според проценките на надлежните институции, материјалната штета надминува една милијарда евра. И покрај сериозноста на временската непогода и обемот на уништувањето, засега нема пријавени човечки жртви.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран