УТРО.мк

Трагедија на аеродром во САД: Приватен авион се урна при полетување – има жртви

Трагедија на аеродром во САД: Приватен авион се урна при полетување – има жртви
Vero

Седум лица загинаа, а еден член на екипажот е тешко повреден во авионска несреќа што се случи на аеродромот Бангор во сојузната држава Мејн, кога приватен авион се урнал за време на полетување. Несреќата се случила во неделата навечер, во услови на силна снежна бура која предизвика сериозни нарушувања во сообраќајот низ Соединетите Американски Држави.

Според Федералната администрација за воздухопловство, деловниот авион „Бомбардиер Челинџер 600“ се урнал кратко по полетувањето и веднаш се запалил. Директорот на аеродромот Бангор, Хозе Сааведра, изјави дека на аудио-снимката од контролата на летање се слушнал силен удар околу 45 секунди по издавањето на дозволата за полетување. Итните служби реагирале за помалку од една минута по несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран