
Турција вчера собори ракета што се движела кон нејзиниот воздушен простор, а која, според Анкара, потекнувала од Иран. И покрај тоа, Техеран веднаш ги негираше обвинувањата, истакнувајќи дека не е извршено никакво лансирање кон соседната земја.
„Иранските вооружени сили го почитуваат суверенитетот на Турција и не презеле никакви агресивни активности“, порача генералштабот на Иран, преку соопштение објавено од агенцијата Мехр.
Турското Министерство за одбрана објави дека ракетата минала над Ирак и Сирија пред да се приближи кон границата на Турција, но била успешно пресретната без никакви жртви. Не е откриено која била нејзината конкретна цел, а НАТО веднаш го осуди насочувањето на проектила кон турската територија и потврди цврста поддршка за своите сојузници.























