УТРО.мк

Иран нападнал брод со 2.500 маринци

Иран нападнал брод со 2.500 маринци
Vero

Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршил напад врз американскиот амфибиски јуришен брод „Триполи“, при што, според нивните наводи, бродот бил принуден да се повлече.

Во соопштението објавено преку иранската новинска агенција Фарс, се наведува дека нападот бил извршен со проектил, по што „Триполи“ се повлекол кон јужниот дел на Индискиот Океан. Сепак, не се прецизираат точната локација ниту времето на настанот.

Од американска страна засега нема официјална потврда или демант. Централната команда на САД за Блискиот Исток не ги коментирала овие тврдења.

Амфибискиот јуришен брод „Триполи“, кој има капацитет за носење хеликоптери и борбени авиони, пристигна во регионот на 27 март. На него се наоѓаат околу 2.500 маринци, како и дополнителен персонал од приближно 1.000 лица.

Ситуацијата засега останува нејасна, со оглед на отсуството на независна потврда за инцидентот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран