
Конкурс за вработување
Агенција за маркетинг и односи со јавност
Агенција за маркетинг, односи со јавност и комуникациски менаџмент, поради проширување на обемот на работа, објавува конкурс за вработување на повеќе позиции:

1. Акаунт менаџер (Account Manager)
Опис на работната позиција:
Управување со клиенти и одржување долгорочни деловни односи
Координација на маркетинг и ПР активности
Подготовка и следење на комуникациски и маркетинг стратегии
Надзор над реализација на проекти и кампањи
Подготовка на извештаи и анализа на резултати
Потребни квалификации:
Високо образование (маркетинг, комуникации, економија или сродно)
Минимум 1 години работно искуство во маркетинг/ПР агенција или слична позиција
Одлични организациски и комуникациски вештини
Способност за работа со повеќе проекти истовремено
Одлично познавање на англиски јазик

2. Специјалист за дигитален маркетинг
Опис на работната позиција:
Планирање и имплементација на дигитални кампањи
Управување со социјални медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Google Ads)
Анализа на перформанси и оптимизација на кампањи
Креирање дигитални стратегии и медија планови
Следење на трендови во дигитален маркетинг
Потребни квалификации:
Високо образование (маркетинг, ИТ или сродно)
Минимум 1 години релевантно работно искуство
Практично искуство со дигитални алатки (Meta Ads, Google Ads, Analytics и сл.)
Креативно размислување и аналитички пристап
Познавање на англиски јазик

3. Копирајтер (Copywriter)
Опис на работната позиција:
Креирање текстуални содржини за медиуми, социјални мрежи и кампањи
Пишување ПР текстови, соопштенија, говори и креативни концепти
Развивање на комуникациски пораки и слогани
Адаптација на содржини за различни канали и таргет групи
Потребни квалификации:
Високо образование (новинарство, комуникации, филологија или сродно)
Минимум 1 години искуство во пишување и креативна индустрија
Одлично познавање на македонски јазик (правопис и стил)
Креативност и способност за брзо генерирање идеи
Познавање на англиски јазик
Ние нудиме:
Динамична и професионална работна средина
Работа на интересни и влијателни проекти
Можност за професионален развој и напредување
Конкурентна плата согласно искуство и перформанси
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати да достават:
CV
Портфолио (за дигитален маркетинг и копирајтер позиции)
на e-mail: [email protected]
со назнака за позицијата за која аплицираат.
Рок за аплицирање: 10.04.2026 година























