УТРО.мк

Границите на ЕУ под нов надзор: Што ќе значи ЕТИАС за патниците од Македонија

Границите на ЕУ под нов надзор: Што ќе значи ЕТИАС за патниците од Македонија
Vero

Европската унија го одложува стартот на системот ЕТИАС за претходно одобрување на патувањата, поради технички и организациски предизвици поврзани со имплементацијата на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС).

Иако ЕТИАС требаше наскоро да стане задолжителен за државјаните на земјите што патуваат без виза во Шенген зоната, европските институции решија најпрво да ги решат проблемите со функционирањето на ЕЕС, кој на дел од граничните премини и аеродроми предизвика подолги чекања и технички застои.

ЕТИАС е електронски систем преку кој патниците ќе треба однапред да поднесат барање, да внесат лични податоци и да платат административен надомест пред патување во Европската унија. Одобрението нема да биде виза, туку електронска дозвола поврзана со пасошот на патникот.

Во меѓувреме, ЕЕС постепено се воведува на надворешните граници на ЕУ и подразбира регистрација на биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографија од лицето, за државјани кои не се членки на Европската унија.

Од Европската унија нагласуваат дека и ЕЕС и ЕТИАС имаат за цел да ја зајакнат безбедноста, да ги модернизираат граничните контроли и да овозможат поефикасно управување со краткорочните патувања во Шенген зоната. Сепак, нивната целосна примена ќе зависи од техничката подготвеност на системите и од подготвеноста на земјите членки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin