УТРО.мк

Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати, 23 лица исчезнати во разорен шумски пожар

Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати, 23 лица исчезнати во разорен шумски пожар
Vero

Разорниот шумски пожар што беснее во регионот Леванте Алмериенсе, во шпанската покраина Андалузија, однесе најмалку 12 животи, додека 23 лица сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи и пожарникарите продолжуваат со интензивна потрага и борба против огнената стихија, која и натаму се шири поради силниот ветер и високите температури.

Според локалните власти, пожарот досега зафатил околу 4.000 хектари вегетација. Најтешко погодени се општините Лос Гаљардос и Бедар, а огнот се заканува и на Туре, Антас, Мохакар и Гаруча.

Во акцијата за гаснење се ангажирани повеќе од 500 припадници на службите за итни случаи, поддржани од 32 противпожарни авиони и 13 специјализирани возила. Сепак, силните ветрови значително ги отежнуваат напорите за локализирање на пожарот.

Поради опасноста, илјадници жители се евакуирани од загрозените населени места. Над 1.400 лица се сместени во привремени засолништа во Гаруча и Лубрин, потврдија регионалните власти.

Во меѓувреме, обдукциите на телата на 12-те загинати сè уште не овозможиле нивна идентификација. Постојат сомневања дека меѓу жртвите има и странски туристи кои, обидувајќи се да избегаат по пат што не бил дел од официјалната евакуациска рута, биле опколени од пламените јазици.

Надлежните започнаа истрага за причините за пожарот, а една од главните претпоставки е дека огнот можеби избувнал по пад на далновод.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin