УТРО.мк

Повеќе од 30 повредени откако автобус изгубил контрола и се забил во зграда

Повеќе од 30 повредени откако автобус изгубил контрола и се забил во зграда
Vero

Повеќе од 30 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во американската држава Мериленд, кога автобус на јавниот превоз удрил во неколку возила, изгубил контрола и се забил во зграда.

Несреќата се случила во четвртокот, кратко пред 18 часот по локално време, во местото Пајксвил, северозападно од Балтимор, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите од полицијата на округот Балтимор, автобусот на Управата за јавен превоз на Мериленд најпрво удрил во повеќе возила, по што излетал од коловозот и завршил во објект покрај патот.

Возачот на автобусот се здобил со тешки повреди опасни по живот и е пренесен во болница, додека уште 35 лица биле хоспитализирани поради повредите здобиени во несреќата.

Во инцидентот биле вклучени вкупно 12 возила, а надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот. Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin