УТРО.мк

Глумица од филмови за возрасни тајно го снимила Орбан? [ФОТО]

Глумица од филмови за возрасни тајно го снимила Орбан? [ФОТО]
Vero

Познатата ѕвезда од филмови за возрасни и поранешна учесничка во „Фарма ВИП“, Кјара Лорд, неодамна вечерала во ист ресторан со унгарскиот премиер Виктор Орбан, најверојатно во Будимпешта. Настанот бил забележан и споделен преку нејзините Инстаграм приказни, каде што јасно се гледа дека двајцата се наоѓаат на исто место – ресторанот „Ида Бистро“.

Иако не седеле на иста маса, унгарскиот весник Блик и порталот 444.hu објавија дека Кјара ја искористила можноста да го фотографира премиерот и да се пофали со моментот.

Кјара Лорд е позната по својата искреност – таа не се откажала од кариерата во индустријата за возрасни дури и по учеството во реалното шоу, освен кога била во сериозна врска. Таа, исто така, има диплома за медицинска сестра и дава совети за заведување на мажи.

– Ме привлекуваат алфа мажи – високи, образовани и без Инстаграм. Смее да има мали мани, но не и да биде незаинтересиран за себе – изјави таа во интервју.

Инцидентот со Орбан предизвика многу реакции на социјалните мрежи, иако засега нема официјална реакција од кабинетот на премиерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран