УТРО.мк

Германскиот канцелар откри нови детали од самитот Трамп–Путин

Германскиот канцелар откри нови детали од самитот Трамп–Путин
Vero

Соединетите Американски Држави се подготвени да бидат дел од безбедносните гаранции за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц по одржувањето на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска.

Мерц претходно го поздрави ангажманот на Трамп, кој на средбата со Путин истакна подготвеност за ставање крај на војната во Украина и воспоставување траен мир.

„Украина може да смета на нашата непоколеблива солидарност додека работиме на мир кој ќе ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и на Европа“, порача германскиот канцелар преку социјалната мрежа Икс.

Како што пренесе „Ројтерс“, неговата изјава во голема мера ги повторуваше ставовите од заедничката декларација на европските лидери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран