УТРО.мк

Германија сериозно се вооружува: Планира набавка на дополнителни 15 ловци F-35 од САД

Германија сериозно се вооружува: Планира набавка на дополнителни 15 ловци F-35 од САД
Vero

Германија се подготвува да ја прошири својата флота на американски борбени авиони F-35, со набавка на уште 15 летала од САД, објави порталот Politico, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Со оваа набавка, првично планираната бројка од 35 авиони би се зголемила на вкупно 50, наведува бриселскиот портал. Разговорите меѓу Берлин и Вашингтон сè уште не се јавно објавени и се одвиваат во чувствителен момент – период на тензии меѓу Германија и Франција во врска со заедничкиот проект за развој на нова генерација борбени авиони, познат како FCAS (Future Combat Air System).

Според претходни извештаи, Франција бара значително поголем удел – дури 80 отсто – во проектот FCAS, што предизвика незадоволство кај германската страна. Канцеларот Фридрих Мерц, за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Берлин, изјави:

„Одлучивме конечно да го расчистиме ова прашање во следните неколку месеци.“

Програмата FCAS сè уште се наоѓа во рана фаза од развојот, а првиот пробен лет се очекува најрано во 2028 или 2029 година, според проценките на Politico.

Набавката на F-35, најмодерниот американски борбен авион од петтата генерација, се смета за стратешки потег на Берлин во контекст на променетата безбедносна реалност во Европа и зајакнување на обврските кон НАТО. Овој развој, меѓу другото, укажува и на можното редефинирање на односите и рамнотежата на влијание во европските одбранбени иницијативи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран