УТРО.мк

Гаф на израелската војска: Дел од хрватскиот брег „подарен“ на БиХ на илустрација за иранската закана

Гаф на израелската војска: Дел од хрватскиот брег „подарен“ на БиХ на илустрација за иранската закана
Vero

Израелските одбранбени сили (ИДФ) предизвикаа бура на социјалните мрежи откако на платформата X објавија карта која има за цел да ја илустрира далекусежната закана од Иран, но на која значително се прекршени државните граници на Балканот – со тоа што значителен дел од хрватската Јадранска обала е прикажан како дел од Босна и Херцеговина.

На илустрацијата, објавена со пораката „Иран е глобална закана. Израел не е крајна цел, туку само почеток“, се гледаат концентрични кругови кои ја претставуваат дофатливоста на иранските ракети, но и неточно прикажани државни граници. Според прикажаното, хрватската обала завршува некаде кај Сплит, додека поголемиот дел од јужниот Јадран изгледа како да припаѓа на БиХ.

По бурните реакции, ИДФ издаде извинување, велејќи дека станува збор за илустративна графика која не треба да се сфати како точна географска карта.

„Оваа објава е само илустрација на регионот. Картата не ги прикажува точно државните граници. Се извинуваме доколку оваа слика предизвикала навреда“, соопшти израелската армија.

Настанот доаѓа по масовниот воздушен напад на Израел врз над 100 цели во Иран, вклучувајќи го и нуклеарниот комплекс Натанз, како дел од операцијата „Лавовски подем“, која според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, има за цел да ја „неутрализира егзистенцијалната закана“ од иранската нуклеарна програма.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран