
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила планирани терористички и саботажни акции во три региони на Руската Федерација, при што се приведени три лица осомничени за соработка со странски разузнавачки служби.
Според соопштението, објавено преку руските медиуми, приведувањата биле извршени во Република Адигеја, Тјуменската област и Краснодарската територија. Осомничените наводно подготвувале напади насочени кон припадници на руските вооружени сили, волонтерски организации кои обезбедуваат поддршка на учесници во воените операции, како и врз инфраструктурни објекти од областа на транспортот, енергетиката и снабдувањето со гориво.
Федерална служба за безбедност наведува дека при апсењето биле запленети импровизирани експлозивни направи изработени од пластичен експлозив од странско производство, како и импровизирани запаливи средства.

















