УТРО.мк

Франција се подготвува за војна?

Франција се подготвува за војна?
Vero

Франција се подготвува за можен воен конфликт со Русија?

Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, изјави дека се подготвуваат воени капацитети за можен конфликт со Русија во следните три до четири години. Тој предупреди дека Русија воено се реорганизира за потенцијална борба против земјите од НАТО, а оценката се темели на низа разузнавачки податоци и следење на нејзините активности во Грузија, Крим и Украина.

Мандон истакна дека оваа проценка ја делат и блиските сојузници, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија и САД. Тој нагласи дека Русија го глобализира украинскиот конфликт, со соработка со Иран, Кина и Северна Кореја.

Француските сили редовно учествуваат во големи воени вежби, а наредната година е најавена нова вежба „Orion 2026“ со учество на сојузнички држави.

Мандон подвлече дека заштитата од агресија бара целокупна поддршка на француското општество, бидејќи Русија настојува да ги дестабилизира и подели друштвата. Како примери наведе неодамнешни провокации во Париз, вклучувајќи поставени лажни ковчези пред Ајфеловиот торањ и свински глави пред џамии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран