УТРО.мк

Франција пред најголемите протести годинава – синдикатите мобилизираат стотици илјади

Франција пред најголемите протести годинава – синдикатите мобилизираат стотици илјади
Vero

Во Франција за утре, 18 септември, се најавени 250 протести во рамки на „Денот на општествена мобилизација“, со очекување на улиците да излезат околу 800.000 луѓе.

Најавен е масовен одѕив на просветни работници, студенти, транспортни работници, таксисти и вработени во индустријата. За одржување на јавниот ред ќе бидат распоредени речиси 80.000 полицајци.

Министерот за внатрешни работи, Бруно Ретајо, испрати телеграма до префектите со насоки за обезбедување на протестите, предупредувајќи на ризик од инфилтрација на ултралевичарски групи и можни нарушувања на јавниот ред. „Основната слобода на демонстрации мора да биде гарантирана, но редот и мирот се апсолутен приоритет,“ нагласи тој, додавајќи дека ќе има нулта толеранција за оштетување на јавни или институционални објекти.

Според податоците на BFM, досега се регистрирани околу 250 собири низ земјата. Синдикатите од јавниот сектор, транспортот и земјоделството активно повикуваат на масовно учество, особено во регионите Морбијан, Еро, Ош и Тур.

„Денот на општествена мобилизација“ беше најавен кон крајот на август како реакција на мерките за буџетска штедливост предложени од поранешниот министер за финансии Франсоа Бајру. Последниот протест на 10 септември собра околу 197.000 луѓе, а организаторите очекуваат утрешните собири да бидат далеку побројни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран