УТРО.мк

Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ
Vero

Дури и ако земја кандидат ги заврши преговорите со Брисел, нејзиниот прием во Европската Унија може да запре во Франција. Парискиот весник „Лез еко“ предупредува дека францускиот Устав предвидува референдум за одобрување на пристапниот договор, освен ако се обезбеди потребното мнозинство за парламентарна постапка.

За да се избегне референдум, Националното собрание и Сенатот треба одделно да усвојат ист предлог со трипеттинско мнозинство. Потоа, двата дома заседаваат заедно како Конгрес, каде што за одобрување на договорот повторно се потребни три петтини од дадените гласови.

Весникот посочува дека против проширувањето се изјаснува Националниот собир на Марин Ле Пен, додека Жан-Лук Меланшон се противи на проширување во сегашните услови. Лукас Мацек од Институтот „Жак Делор“ предупредува дека евентуален референдум во Франција би можел да стане сериозна пречка за приемот на нови членки.

„Лез еко“ ја издвојува Црна Гора како пример. Дури и ако Подгорица ги заврши преговорите според планираното, договорот за пристапување мора да го ратификуваат сите земји членки. Ако Франција не го ратификува, приемот на Црна Гора нема да може да се реализира.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран