
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на село Стримница, Општина Желино, поради сомнение за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според полицијата, инцидентот се случил на 24 јули 2026 година на улицата „Маршал Тито“ во Тетово. Пријавениот управувал автомобил „мерцедес“ и не застанал кога полициски службеник му наредил да запре. Како што се наведува во пријавата, возачот продолжил да се движи и со автомобилот го удрил полицаецот додека тој извршувал службени дејствија.























