УТРО.мк

Европската комисија не очекува нов миграциски бран поради ситуацијата во Иран

Европската комисија не очекува нов миграциски бран поради ситуацијата во Иран
Vero

Европската комисија засега не очекува дека тензиите и евентуалната ескалација на конфликтот во Иран би можеле да доведат до голем миграциски бран кон Европа.

Еврокомесарот за миграција Магнус Брунер, по средбата и разговорите со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, посочи дека турските власти презеле чекор со кој ја затвориле границата со Иран, со што се намалува ризикот од поголеми движења на население кон запад.

Тој нагласи дека, и покрај внимателното следење на развојот на настаните, досега не се регистрирани значајни миграциски движења долж иранските надворешни граници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран