УТРО.мк

Стентон Градба набави 10 нови камиони четириосовинци за зајакнување на транспортната логистика

Стентон Градба набави 10 нови камиони четириосовинци за зајакнување на транспортната логистика
Vero

Градежната компанија „Стентон Градба“ ја зајакна својата транспортна логистика со набавка на 10 нови камиони – четириосовинци (8×4), наменети за работа на терен и транспорт на материјали во рамки на тековните и идни проекти.

Компанијата, „Стентон Градба“ изведува и активности како ископ, сепарација, производство на бетон и транспорт на градежни материјали, што директно ја нагласува улогата на ваков тип возила во секојдневната оперативна реализација.

Набавката на новите 8×4 камиони се вклопува во насоката на компанијата за модернизација на возниот парк и поддршка на градежната механизација.

Со проширувањето на флотата, се очекува поголема ефикасност во транспортот на агрегати и други материјали, подобра организација на градилиштата и поголема оперативна подготвеност за поголем обем на активности на повеќе локации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран