
Земјоделскиот комбинат Пелагонија минатата година ја затвори со извонредни резултати, остварувајќи раст на добивката од речиси 400 проценти. Доколку минатата година ја нарековме успешна, 2025 година е година на вистински пресврт. Профитот достигна 2,2 милиони евра, што ја потврдува стабилната финансиска стратегија на компанијата.
Приходите на комбинатот изнесуваат 19,8 милиони евра, што претставува пораст од 23 отсто во однос на претходната година, односно дополнителни 3,7 милиони евра. Во исто време, трошоците на компанијата бележат минимално зголемување, само за 1 отсто, или 170,8 илјади евра, достигнувајќи вкупно 16 милиони евра.
77,5 отсто од приходите потекнуваат од продажбата, која донела околу 14,6 милиони евра, со годишен раст од 12 отсто. Ова ја потврдува силната позиција на ЗК Пелагонија на домашниот пазар и стабилната побарувачка за нивните производи.
Во текот на минатата година, комбинатот инвестирал 183,3 илјади евра во нови основни средства, додека од продажба на земјоделска механизација остварил добивка од 14 илјади евра на приход од 308,4 илјади евра.























