УТРО.мк

Уставен суд донесе конечна одлука за пензиите

Уставен суд донесе конечна одлука за пензиите
Vero

Линеарното зголемување на пензиите останува – Уставен суд ја сопре постапката

Уставниот суд денеска соопшти дека отпаднал сомнежот за неуставност на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што линеарното зголемување на пензиите останува во сила.

Од Судот информираат дека предлогот за оценување на уставноста не добил мнозинство гласови на денешната седница, па така оспорениот законски член продолжува да важи во правниот поредок. „Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја сопре постапката“, велат од Уставен суд.

Постапката за оценување на уставноста беше поведена поради сомнеж дека линеарното зголемување може да ја наруши уставната еднаквост, правото на сопственост и начелото на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите со различни придонеси и создава непропорционални ефекти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран