УТРО.мк

Акциска контрола на Мобилната единица на полицијата

Акциска контрола на Мобилната единица на полицијата
Vero

Акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Гостивар, изречени се 59 санкции, одземени се пет возила

Денеска (04.03.2026), во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостивар со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 59 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив шест за измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за превоз на патници повеќе од пропишаното во автобуси, минибуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, една за неизвршен вонреден технички преглед на автобус, девет мерки за возила кои вршат јавен превоз на патници без лекарско уверение, 10 мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, шест мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, шест мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 15 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.
Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола“ и одземени се пет возила поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран