
Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби го заврши евидентирањето на македонските државјани кои бараат евакуација од регионот. Во Обединетите Арапски Емирати се регистрирани 505 граѓани, додека уште 31 лице е пријавено од Кувајт, а 14 од Бахреин. Во главниот град на Катар, Доха, досега се евидентирани 141 македонски државјанин. Вкупно, во рамки на процесот на евакуација, амбасадата забележала 505 лица.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека оние кои изразиле желба за враќање од Израел ќе се упатат кон Скопје со владиниот авион во попладневните часови, со што ќе биде завршен процесот на евакуација од таа земја.
Се очекува во скоро време, да започне организираното враќање и на македонските државјани кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт. За нив е предвидено враќање со летови преку Кралството Саудиска Арабија, во согласност со веќе утврдениот план и безбедносните протоколи.
МНР ги повикува сите граѓани кои сè уште не стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва и имаат потреба од асистенција да го сторат тоа веднаш, користејќи ги дежурните телефонски броеви или СОС-линијата на министерството.























