
Dacia го најавува својот следен чекор во светот на практичните и просторни возила, новиот Striker, кој најверојатно ќе се позиционира како караван од Ц-Сегментот. Моделот ќе дебитира официјално на 10-ти март, а со него брендовата линија на автомобили завршува со -er добива ново продолжение по Jogger, Duster и Bigster.
Името Striker носи ретро инспирација од 80-тите години, поврзано со силата и прецизноста на „страјкот“, моментот кога сите кегли се соборени и играта се менува. Со ова Dacia сака да ја нагласи динамиката и одлучноста на својот нов модел.
Автомобилот ќе се потпира на CMF-B платформата на Renault Групацијата, што овозможува варијабилен погон, преден или на сите четири тркала, како и избор меѓу неколку мотори. Очекувајте конвенционален турбо-бензинец, хибридна верзија и опција со LPG, која и понатаму е омилена кај корисниците на Dacia.























