УТРО.мк

„Европа е во војна“

„Европа е во војна“
Vero

Напорите на САД да посредуваат во постигнување мир во Украина биле попречени од европскиот отпор, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Обраќајќи се на пленарното заседание на Постојаната конференција на Унгарија (MAERT) во Будимпешта, Орбан истакна дека националната политика претставува голем предизвик за секоја унгарска влада, додавајќи дека тоа е единствената област каде што секоја реченица носи тежина и ризик.

„Ние сме во чудна војна. Европа, по својата дефиниција, е во војна. Европските лидери зборуваат за војната помеѓу Русија и Украина како за наша војна“, рече Орбан.

Тој додаде дека ако европските лидери ги поддржуваа напорите на американскиот претседател за мир, веќе ќе беше постигнат договор меѓу Русија, Украина, Европа и САД. Орбан подвлече дека прашањето на војна и мир во Европа е најитно и дека тоа е основно прашање за унгарската заедница во Карпатскиот басен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран