УТРО.мк

ЕУ трка со времето: Украина може да банкротира до Нова година

ЕУ трка со времето: Украина може да банкротира до Нова година
Vero

Украина би можела да се соочи со финансиски колапс уште во првите недели од 2026 година, предупредуваат европски претставници, кои интензивно бараат алтернативни механизми за финансирање на Киев. Главната причина е неизвесноста околу планот за замрзнатите руски средства, вредни околу 140 милијарди евра, кои требаше да се трансформираат во „репарациски зајам“ за Украина, но моментално се блокирани од Белгија.

Белгискиот премиер Барт де Вевер предупредува на „екстремно високите правни ризици“ и можни одмазди од Москва, додека владата во Киев алармира дека буџетот може да стане нефункционален без брзи финансиски вливања.

Брисел веќе работи на „план Б“ – премосен заем од ЕУ кој би ја обезбедил ликвидноста на Украина во првите месеци од 2026 година, со опција за враќање откако ќе се добијат долгорочните средства од рускиот фонд. За да помине новиот заем, неопходна е едногласност од сите 27 земји-членки, а Унгарија традиционално блокира вакви мерки.

Европските лидери се надеваат дека новиот механизам ќе биде финализиран пред самитот на 18 декември. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека „во наредните денови“ ќе биде постигнато решение за финансиска стабилност на Украина и јасна порака за европското единство.

Аналитичарите предупредуваат: секое одложување го зголемува ризикот Киев да не може да ги покрие плати, пензии, здравствени услуги и одбраната, во момент кога се отвораат нови мировни иницијативи на САД.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран