УТРО.мк

ЕУ размислува за привремен прием на нови членки без право на вето

ЕУ размислува за привремен прием на нови членки без право на вето
Vero

Актуелните земји-кандидати за членство во Европската Унија би можеле да бидат примени во блокот, но без полни права на глас, пренесува Политико, повикувајќи се на европски дипломати.

Предлогот, сè уште во рана фаза, има за цел да даде нов импулс на процесот на проширување и предвидува привремено ограничување на правата на новите членки додека ЕУ не спроведе институционални реформи. Идејата е да се спречи блокирање на одлуки преку вето од поединечни земји-членки.

Некои држави, како Австрија и Шведска, го поддржуваат предлогот, нагласувајќи дека идните членки треба да се откажат од правото на вето додека не се воведат клучни реформи, како квалификувано мнозинство во повеќето области на политиката. Целта е проширувањето на ЕУ да не биде заложник на блокади од страна на поединечни земји.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран