
Авиокомпанијата Emirates објави дека ги суспендира сите летови до и од Дубаи на неодредено време, повикувајќи ги патниците и персоналот да не патуваат кон аеродромот додека трае прекинот.
Одлуката беше соопштена во сабота, 7 март, само еден ден откако компанијата најави дека планира постепено враќање на редовното работење во наредните денови. Сепак, по најновата проценка на состојбата, летовите се привремено стопирани до ново известување.
Од авиокомпанијата нагласуваат дека безбедноста на патниците и екипажот останува апсолутен приоритет и дека нема да се преземат ризици додека ситуацијата целосно не се стабилизира.
Во последните неколку дена повеќе од 30.000 патници патувале со Emirates од Дубаи, но според најновото соопштение засега нема да има полетувања и слетувања на летовите на авиокомпанијата.
Дополнително, сите градски пунктови за пријавување на летови низ Дубаи се затворени до понатамошно известување.























