УТРО.мк

Чешкиот претседател Павел: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион

Чешкиот претседател Павел: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
Vero

Претседателот на Чешка, Петр Павел, на дебата со ученици во Соколов изјави дека руското нарушување на воздушниот простор на земјите членки на НАТО не може бесконечно да се толерира. Тој порача дека доколку ваквите упади продолжат, сојузниците на крајот ќе мора да соборат руски воен авион, слично како што тоа порано го направи Турција.

„Русија денес го тестира не само функционирањето на противвоздушната одбрана, туку и нашата решеност да се браниме. Тоа што го толкуваме како воздржаност, Русија го чита како слабост“, изјави Павел.

Тој нагласи дека Русија почитува само јасна демонстрација на сила, додека на дипломатското предупредување гледа како на знак за отстапување.

„Не велам дека секое нарушување треба да се казни со соборување авион, но ако упадите продолжат, ќе мора барем еднаш да се реагира. Тоа е единствениот начин да се покаже дека постојат правила и дека не се преминуваат“, додаде чешкиот претседател.

Павел потсети дека додека бил на чело на Воениот комитет на НАТО, руските авиони редовно го нарушувале турскиот воздушен простор, сè додека Турција не соборила неколку авиони.

„Тогаш Русија престана. Сфатија дека има линија која не може да се помине без последици“, рече тој.

Според најновата анкета, Петр Павел во моментов е вториот најомилен претседател во поновата историја на Чешка, веднаш по Вацлав Хавел, додека како најнеспособен претседател граѓаните го оцениле неговиот претходник, Милош Земан.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран