
Австрискиот канцелар Кристијан Стокер најави можност за одржување референдум кој би одлучувал за идниот облик на воената обврска во земјата. „Се би одлучувало за воената обврска и резултатот од референдумот би бил правно обврзувачки“, рече Стокер на новогодишната средба на Австриската народна партија (ÖVP).
Коалициските партнери на Стокер, Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) и либералната NEOS, изразија изненадување од предлогот. Од SPÖ посочија дека прашањето бара „внатрешни дискусии“ и анализа на можностите за референдум на федерално ниво.
Од NEOS истакнаа дека резултатите од студијата на експерти, на која владата иницијативно работеше, би требало прво да се разгледаат на парламентарно ниво. Студијата предлага продолжување на воениот рок од сегашните шест на осум месеци, со дополнителни два месеци обуки во резервата.



























