
Еден висок анонимен ирански функционер, денес изнесе процена дека бројот на загинати за време на неодамнешните протести во Иран се приближува до 2.000 лица. Изјавата доаѓа во услови на силна медиумска и информативна блокада, додека Техеран сè уште одбива да објави официјални податоци за жртвите.
Немирите, кои избувнаа на 28 декември минатата година, првично беа поттикнати од длабоката економска криза, падот на животниот стандард и драматичната девалвација на националната валута. Но, незадоволството на граѓаните брзо прерасна во отворен политички бунт против власта.
Иранските власти од самиот почеток тврдат дека зад масовните протести стојат странски сили, директно обвинувајќи ги САД и Израел за нивна организација и поттикнување.



























