
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, упати саркастична порака до американскиот претседател Доналд Трамп, повикувајќи го да го забрза „преземањето“ на Гренланд, во спротивно островот, наводно, би можел да се приклучи кон Русија.
Во изјава дадена на руската медиумска платформа Макс, Медведев иронично тврдел дека во краток рок би можел да се одржи „изненадувачки референдум“ на кој жителите на Гренланд би гласале за приклучување кон Русија. Според него, тоа би било последица доколку Вашингтон не дејствува навреме.
Коментарите доаѓаат во контекст на повторените изјави на Трамп дека Гренланд, како самоуправна територија под дански суверенитет, има клучно значење за националната безбедност на САД. Американскиот претседател во повеќе наврати тврди дека регионот е стратешки важен поради присуството и интересите на Русија и Кина.
Медведев во своите настапи продолжи со саркастични квалификации, алудирајќи дека американското присуство на островот би било корисно и за „стабилизација“ на регионот, при што со потсмев го спомена главниот град Нук и други европски лидери.
Неговите изјави следуваат откако американски конгресмен поднесе предлог-закон за можна анексија на Гренланд и негово приклучување кон САД, што дополнително ја вжешти меѓународната дебата околу иднината на островот.



























