
Полицијата поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на селото Стримница, во Општина Желино, поради упатување закани кон вработени во општинската зграда.
Според информациите од СВР Тетово, инцидентот се случил на 2 јануари, кога осомничениот пристигнал во Општина Желино со намера да оствари средба со градоначалникот. Откако бил информиран дека градоначалникот во тој момент не се наоѓа во објектот, мажот започнал да им се заканува на двајца вработени.



























