УТРО.мк

(ВИДЕО) ВОЗЕЛ КАКО ЛУД И СЕ СНИМАЛ: Нови шокантни детали за возачот од Капиштец

(ВИДЕО) ВОЗЕЛ КАКО ЛУД И СЕ СНИМАЛ: Нови шокантни детали за возачот од Капиштец
Vero

Нови објави на социјалните мрежи отворија дополнителни прашања околу однесувањето на тинејџерот осомничен за смртната сообраќајна несреќа во скопската населба Капиштец, во која животот го загуби Љуба Јаковлеска.

На профили на Инстаграм се појавија видеа за кои се тврди дека му припаѓаат на Саит Саитов, во кои тој и претходно се снима како управува возило со брзина поголема од дозволената. Дел од објавите, според достапните информации, потекнуваат од период кога имал 17 години, а во нив се гледа возење со автомобил „фолксваген пасат“.

Истиот модел возило, според истрагата, бил инволвиран и во трагичната несреќа во Капиштец. По настанот, осомничениот го напуштил местото и по него е распишана меѓународна потерница.

Надлежните институции продолжуваат со потрагата и со прибирање докази, а објавите на социјалните мрежи се предмет на проверка како можен дел од пошироката истрага за случајот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран