УТРО.мк

Брз раст на бројот на деца со грип: „Козле“ на граница на капацитет

Брз раст на бројот на деца со грип: „Козле“ на граница на капацитет
Vero

Во Клиниката за детски белодробни заболувања „Козле“, во последните 24 часа се прегледуваат до 200 деца со симптоми на грип. Иако сезонава инфлуенцата започна подоцна од вообичаено, бројот на заболени бележи нагорен тренд, велат од клиниката.

Докторката Елена Ѓиновска-Тасовска објаснува дека годинава грипот се појавил кон крајот на декември, најверојатно поради потоплото време и зголемените предновогодишни собири и детски забави, што придонело вирусот побрзо да се шири меѓу децата. Сепак, додава, клиничката слика е слична на минатата година.

„Симптомите се типични – покачена телесна температура, општа слабост, намален апетит и кашлица. Најчесто се прегледуваат деца од сите возрасти, но хоспитализација е потребна претежно кај деца до две години, кај кои грипот може да предизвика компликации“, вели докторката.

Во моментов, болничките капацитети се речиси целосно исполнети со околу 80 хоспитализирани деца, но секогаш се остава простор за примање потешки случаи.

Лекарите апелираат родителите да не паничат при појава на висока температура, која може да трае до седум дена. Препорачуваат антипиретици, внес на доволно течности, здрава исхрана и првичен преглед кај матичен лекар.

Со враќањето на децата во училишните клупи, се очекува дополнително зголемување на бројот на заболени, а пикот на грипот според прогнозите е кон почетокот на февруари.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран