
По распишувањето на меѓународната потерница за 18-годишниот Саит Саитов, осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, на површина излегоа нови информации од неговото полициско досие.
Според податоците од СВР Скопје, Саитов уште во 2022 година бил казнет за управување возило без возачка дозвола, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот. Ова покажува дека тој како малолетник управувал моторни возила без соодветни познавања и дозволи.
Исто така, полицијата презела мерки и против неговиот татко, кој добил прекршочна пријава зашто свесно му го отстапил возилото на својот син и покрај тоа што знаел дека нема положен возачки испит, согласно член 317 од истиот закон.



























